![SUV линијата не завршува со Q8. Можен и Audi Q9](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/06/Audi-Q8-5.jpg)
SUV линијата не завршува со Q8. Можен и Audi Q9
По лансирањето на купе кросовер моделот Q8, Audi ја разгледува можноста за развој на потенцијален ривал на Range Rover
До пред само 15 години, Audi во својата понуда немаше SUV / crossover возила, за потоа се да започне со Q7, кој се појави во 2005 година, а во следните години следеа и помалите модели како Q5, Q3 и Q2. Како врв на понудата, во почетокот на јуни светлото на денот го здогледа и Q8.
Според пишувањето на британскиот Autocar, оваа линија во гамата на Audi, не завршува тука. Постојат шпекулации дека во Audi се размислува дури и за полуксузен модел Q9 како потенцијален ривал на Range Rover.
Дека на пазарот постои побарувачка за луксузни SUV модели се гледа од фактот дека во последниве години во оваа неистражена територија, навлегоа производители како што се Bentley, Rolls-Royce, Jaguar и Maserati – некои со помалку, некои со повеќе успех, а треба да се има во предвид и најавата за влез во сегметот на Mercedes кој планира на корисниците да им понуди луксузен теренец со логото на Maybach.
Да потсетиме дека Lamborghini исто така на пазарот лансираше свој SUV преставник со Urus, а по неговите стапки се движат и Aston Martin и Ferrari.