Сопствениците на Kia возила пријавиле најмалку проблеми во првите 90 дена споредбено со сопствениците на други нелуксузни брендови во САД

Kia веќе четврта година по ред, според резултатите на студијата J.D. Power IQS 2018 за почетно задоволство на клиентите во САД е лидер помеѓу нелуксузните бренд со најмалку пријавени сервисни проблеми (72 проблеми на 100 возила).

Kia ја држи лидерската позиција со извонредните резултати на два свои модели – големиот спортски теренец Sorento и популарниот Rio, но и лимузината Optima, спортскиот теренец Sportage и големиот моноволумен Sedona (во Европа познат како Carnival, иако веќе неколку години не се продава во Европа) кои се втори во нивните категории.

Kia Forte, кој исто така не се продава во Европа, е трето рангиран во својата категорија. По победата во студијата на IQS за 2015, 2016 и 2017 година, Kia Soul уште еднаш има највисока оцена во категоријата на моноволумени.

„Првото место помеѓу сите масовни брендови веќе четврта година по ред, не остава сомнеж за супериорниот квалитет и изработка на секое поединечно возило на Kia“, вели Мајкл Кол, извршен директор во Kia Motors Америка. „Два победника и пет дополнителни модели меѓу првите три во поединечните категории, се доволен доказ за напредокот на Kia и фокусот на извонредно корисничко искуство“.

Студијата IQS 2018, спроведена од реномираната компанија J.D. Power се темели на мислењето на 75.712 сопственици во првите 90 дена по купувањето, а кои возилото го купиле во 2018 година. Возилата се оценуваат врз основа на возачко искуство, перформанси на моторот и преносот, како и разни проблеми пријавени од страна на сопствениците на возилата.