Три компактни модели во трка на забрзување на 400 метри

Денес, компактните автомобили имаат различни форми и димензии. Можат да бидат седан или хечбек варијанта, па дури и караван. Наскоро во друштвото ќе влезат и компактните електрични возила. Сето ова го натерало тимот на Carwow да организира трка помеѓу три модели кои имаат приближно иста моќ и се многу популарни во нивните сегменти.

Трката на забрзување е на делница од 400 метри (четвртина милја), а во неа учествуваат Audi RS4 Avant, BMW M3 седан и електричниот Tesla Model 3 во верзија Performance.

Audi RS4 Avant тежи 1.790 килограми и се потпира на 2.9-литарски V6 со две турбини кој развива 450 коњски сили и 600 Nm. Моторот е во комбинација со погон на четири тркала. BMW M3 е полесен – 1.647 килограми, а под хаубата се наоѓа 6-цилиндерски со 430 КС и 550 Nm. Баварецот е со погон на задните тркала.

Третиот учесник, Тесла Модел 3, се потпира на два електрични мотори – по еден на секоја оска, кои на возилото му даваат 480 КС и 639 Nm вртежен момент. Електричниот автомобил тежи 1.847 килограми, најмногу од сите.

Кој е победник? Погледнете во приложеното видео.