Додека SUV и кросовер моделите продолжуваат да се здобиваат со популарност низ целиот свет, постојат некои производители на автомобили кои го истражуваат светот на иновативни нови градски автомобили

Еден од примерите за ова е Honda со нејзиниот целосно електричен хечбек Honda-e. Сега, дизајнерот Дени5 Ченг дизајнирал возило во кое е целосно внесена идејата за градски автомобил и му дава интересен приод.

Наречено Mobility R3, возилото всушност не доаѓа од постоечкиот производител на автомобили, туку е самостоен концепт за мобилност рендериран за 2035 година. Има само простор за само еден патник, но може да се управува во две уникатни конфигурации.

За стандардно возење, возилото со три тркала се „издолжува“, а патникот може да се релаксира во седиште налик на кревет. Кога е потребно, меѓуоскиното растојание на Mobility R3 може да се скрати, подигнувајќи ја кабината во вертикална положба. Додека возилото би можело да се покаже како постабилно при поголеми брзини кога е во хоризонтална конфигурација, секако би можело да се покаже особено корисно во тесни градски улици кога е во вертикална конфигурација. Да не напоменуваме за леснотијата при паркирање.

Бидејќи Mobility R3 е дизајниран за 2035 година, возилото е исполнето со футуристички компоненти, вклучувајќи врати комплетно израбоени од стакло и електромотори во тркалата, кои ја користат енергија која обично се губи за време на сопирањето за полнење на батеријата. Концептот е пред се замислен како самовозечки автомобил, но ако возачот избере сам да управува, тука е воланот кој ќе излезе од контролната табла.

Инересен концепт нема што.