Повеќе од половина од глобалната продажба на нови патнички автомобили до 2040 година ќе ја сочинуваат автомобилите на струја, се вели во проценката на  Bloomberg New Energy Finance (BNEF)

Mercedes EQC

Според истиот извор, многу е веројатно дека глобалната продажба на автомобилите со конвенционални мотори (бензински и дизел мотори) веќе го има достигнато врвот и никогаш нема да биде повисока отколку што е сега.

Исклучително брзиот развој на електричните автомобили ќе овозможи нивната цена да биде еднаква на цената на соодветните патнички автомобили кои се потпираат на бензински или дизел мотори.

Електричните автомобили веќе се многу поевтини кога станува збор за трошоците за експлоатација, па во блиска иднина тие ќе станат логичен избор на купувачите кога станува збор за економичност (трошоците за набавка на возило и трошоците за одржување), се вели во анализата на  Bloomberg New Energy Finance (BNEF).

Се проценува дека во следните 20 години глобалната продажба на електрични автомобили ќе порасне од 2 милиони, испорачани во светот во 2018 година, на дури 56 милиони во 2040 година. Аналитичарите предвидуваат дека во истиот период светската продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување (SUS) ќе падне од 85 милиони (2018) на само 42 милиони (2040).

Еден од најважните фактори кои ќе придонесат автомобилите на електрична енергија да станат многу попристапни од денес е проектираниот пад на цената на погонските батерии, што значително влијае на формирање на малопродажната цена на електричните возила.

Од BNEF велат дека до средината на следната деценија (околу 2025 година) електричните автомобили ќе станат поевтини од соодветните возила со SUS мотори.

Според истиот извор, компаниите кои се занимаваат со Car Sharing бизнисот многу брзо ќе се префрлат на електрични автомобили од приватните купувачи.

Според извештајот, веќе има над една милијарда корисници на овој вид на транспорт во светот, а овој број само ќе расте во иднина, што ќе доведе до намалување на побарувачката за приватни автомобили.