Новите независни тестирања покажуваат дека скоро сите дизел модели ги надминуваат лимитите поставени од Европската унија

Дизелите „систематски“ испуштаат големи количини на азотни оксиди во атмосферата при возење во реален сообраќај, и покрај тоа што „на хартија“ се во согласност со најновите европски регулативи.

Ова го тврдат научниците од Меѓународниот совет за чист транспорт, независна, непрофитна организација со седиште во Берлин, објавувајќи ги првите резултати од новата иницијатива, која била спроведена во рамките на голем број други организации, вклучувајќи ја и FIA Foundation.

Иницијативата за реални емисии во урбани услови (True) го објави и системот на оценување, за кој се вели дека го рефлектира испуштањето на азотен оксид, еквивалентно на она во вистински сообраќај. Автомобилите се рангираат според шемата „зелено / жолто / црвено“ (добро, умерено, лошо) во смисол на еколошката подобност.

Од иницијативата True велат дека тестирале околу 4.850 модели, од Еуро 3 до Еуро 6. Сите Еуро 3, 4 и 5 мотори се слабо оценети, додека поголемиот дел од автомобилите со стандард Еуро 6 влегуваат „во црвено“. Од друга страна, сите бензинците со Еуро 6 стандард добиле добри или умерени оценки.

Студијата исто така покажува дека четири групи на производители имаат 12 пати просечна емисија поголема од Еуро 6 дизел стандарди, додека семејството на возила со највисока емисија законската граница ја надминува 18 пати.

Тоа не е сè, бидејќи сите тестирани дизел модели со Еуро 6 стандард, во сообраќај во реално време, исто така, ги пробиваат поставените стандарди. Истражувањето покажало дека бензинските модели со Еуро 6 кои имаат највисока емисија на азотни оксиди, всушност се на иста рамнина како дизелите со најниски емисии на азотни оксиди.

Сите тестирани дизели со Еуро 5 имале најмалку двапати поголема емисија на азотни оксиди, додека најлошите загадувале 18 пати повеќе од она што е номинално прифатливо.

„Ако сум клиент, би ги погледнал овие бројки и би морал да дојдам до заклучок дека не треба да купам дизел возило“, вели Петер Мок од ICCT. „Дури и со Еуро 6, дизелите не се покажаа добро, па практично на сите треба да им се забрани пристап до центрачните градски подрачја“.

Сосема спротивно, Мајк Хоуз, директор на Здружението на производители и трговци со возила, вели: „Благодарение на огромните инвестиции, секоја следна генерација на возила е понапредна од претходната со значително пониско ниво на загадување. Извештајот тоа го потврдува, а купувачите можат да бидат сигурни дека новите автомобили кои во моментов се продаваат се најчисти досега и во целост со Еуро стандардите“.