Според податоците на агенцијата Focus2Move, за првите 4 месеци од годината, продажбата достигнала 30,7 милиони единици

Светскиот пазар за нови автомобили бележи пораст од 5,2% за првите 4 месеци од годината, или преведено во бројки 30,7 милиони единици. Само во април се продадени 7,44 милиони единици.

Вкупно осум производители од најдобрите десет забележале позитивни резултати, како во април, така и во првиот квартал. Засега, битката за првите три места ја водат Volkswagen Group, Renault-Nissan Alliance и Toyota Motor во чии рамки се вкупно 21 марка и држат приближно 1/3 од светската продажба.

Лидер засега е германскиот концерн, во чиј состав се брендовите Volkswagen, Audi, Porsche, Skoda, Seat, Bentley, Lamborghini и Bugatti. Оваа година продажбата на групата скокнала за 7% или 3.63 милиони нови автомобили. Само во април, растот изнесува 10,8% или 896.635 единици.

Следуваа Renault-Nissan Alliance со 3,4 милиони единици во 2018-та година (+ 4,4%) и 771,638 во април (+ 3,3%). Toyota Motor која е на третото место продала 3.220.780 автомобили (+1.9%) за 4 месеци и 775.838 (+3.7%) во април.

Пад во продажбата бележат Ford Motor – 1.932.022 возила во 2018 година (-6%) и 475.786 во април (-2.4%), како и Honda Motors – 1.537.556 за 2018 (-1.3 %) и 373.274 во април (-7.2%).

Во првата колона е рангирањето за 2018 година, а во втората за истиот период во 2017 година. Во третата е името на производителот, во четвртата продажбата за првите 4 месеци од годината, а во петтата – продажбата во април. Во шестата колона е разликата за првиот квартал во споредба со 2017 година, во седмата – разликата во споредба со април 2017 година.

Loading...