Речиси две години по лансирањето на втората генерација на Opel и Vauxhall Insignia, овој автомобил добива нов инфозабавен систем со многу опции

Имено, новиот инфозабавен систем во овие автомобили ќе се најде до крајот на годината, а ќе се продава во две верзии наречени Multimedia и Multimedia Navi Pro. Во најскапата верзија, новиот инфозабавен систем се состои од 8-инчен екран на допир и дигитална инструмент. Опционално ќе биде достапен и Head-up екран.

Компанијата вели дека овој нов систем е „стилски и лесен за употреба“, и обезбедува пристап до паметен телефон со поддршка Apple CarPlay и Android Auto, како и AM / FM радио, Bluetooth, USB порта и навигација, меѓу другото.

Корисникот со овој инфозабавен систем може да спари до два телефона во исто време и да ужива во локациите за кои би можеле да бидат заинтересирани, а кои се појавуваат на навигацијата. Исто така, корисниците преку системот ќе може да ги дознаат реалните цени на горивото во околината, информации за паркирање и сл. До системот се пристапува преку екран на допир, преку копчиња на воланот, или во случај на Multimedia Navi Pro, преку гласовна контрола.

Луѓето од Opel, кои работеле на развојот на овој систем, посветиле дополнително внимание на кастомизацијата, односно системот да биде прилагодлив на три профили. Тука корисниците можат да ги избираат своите омилени дестинации, локации, музички плејлисти и поставки за аудио системот и климата.

Првите модели кои ќе го добијат овој систем се Opel Insignia во Grand Sport, Sports Tourer, Country Tourer и GSi верзија. Останатите возила од оваа компанија, новиот инфозабавен систем ќе го добијат до крајот на оваа и почетокот на следната година.