Прво Кина, а потоа светот – Renault лансира евтин урбан EV кросовер / ФОТО
Францускиот Renault официјално објави дека идната недела на светот ќе му го покаже својот урбан електричен кросовер City K-ZE на салонот за автомобили во Шангај
Најавен со концептот K-ZE во Париз минатата есен, ова е првиот електричен автомобил на Renault кој е наменет за кинескиот пазар, барем на почетокот.
Renault City K-ZE официјално ќе биде откриен на 16-ти април, кога ќе дознаеме и открие повеќе детали за автомобилот. Засега е познато дека ќе се произведува во Кина и тоа во заедничката фабрика со јапонскиот Nissan и кинескиот Dongfeng.
Концептот K-Ze многу потсетува на моделот Kwid од иднината, со ексклузивен дизајн на предниот и задниот дел, како и каросерија во две бои.
Нема детали за електричниот погон, но се шпекулира дека ќе има автономија од околу 200 километри.
Целта на Renault е со моделот да привлече што повеќе купувачи, а ниската цена нема да се одрази на салонот и да го ускрати од модерен мултимедијален и навигациски систем.