Промени во најава: Хибридите веќе попопуларни од дизелите?
Врз основа на анкета изработена од Националната асоцијација на дилери на автомобили во Велика Британија, повеќето испитаници би се одлучилe за хибриден автомобил, отколку за автомобил со дизел мотор
Од 1.000 испитаници, од кои 490 се мажи и 510 жени, само 12% би избрале дизел модел за свој следен автомобил. За некои од хибридните автомобили во понуда, би се одлучиле 13% од нив.
Резултатите од истражувањето даваат увид во губењето на довербата на потенцијалните купувачи во дизел моделите во Велика Британија. Продажбата на автомобили со дизел мотори брзо паѓа, барем во оваа земја, пред се поради објавувањето на можната забрана за такви автомобили. Минатата година моделите на дизел имале удел од 44% од продадените автомобили, за сега овој процент да падне на 33,5%, што е огромен пад.
Истражувањето покажува и дека 41% од испитаниците би избрале модел со бензински мотори за нивен следен автомобил. Сепак, на второ место е одговорот „Не знам“, што укажува на тоа дека демонизацијата на дизелот, но и недоволната доверба во новите технологии оставаат големо сомневање кај потенцијалните купувачи.
Само 1% од испитаниците би се одлучиле за електричен автомобил. Како причина зошто не би купиле електричен модел, 59% од испитаниците ја наведуваат сеуште високата цена. Од друга страна, на прашањето дали автономијата на електричните автомобили е проблем за нив, 53% од луѓето што учествувале во истражувањето рекле да.
Јасно е дека потрошувачите сè уште немаат доверба во електричните автомобили, а дека најголемата пречка за поголема популаризација на овој тип на возила е нивната висока цена.