Новиот инфо-забавен систем наречен BMW iDrive 7.0 својата премиера ќе ја има оваа година, а првиот модел во кој ќе се најде е BMW X5

Во соопштението за јавност доставено од BMW, се вели дека новата верзија на системот iDrive во наредните месеци ќе се најде во целата гама на брендот, а тоа значи и во сите модели кои се очекуваат до крајот на оваа година.

Во споредба со сегашната генерација на iDrive системот, серијата 7.0 ќе биде уште пофокусирана кон акутните потреби на возачот и ќе се прилагодува на моменталната ситуација на константни основи, велат од BMW.

Како и претходно, информативниот екран зад управувачот, контролната табла на централната конзола и опционалниот Head-up дисплеј ќе имаат јасно дефинирани улоги. Рамната структура на менито овозможува брз пристап до сите поставки и функции.

Новиот BMW iDrive 7.0 автоматски ги нагласува информациите од посебно значење за возачот. Во зависност од ситуацијата на возење, може да бидaт поврзани, на пример, со упатства за навигацискиот систем, но и со ажурирање на брзината или забавната содржина. Со 7.0 оперативниот систем, BMW обезбедува уникатна, еднакво дизајнирана група на екрани со контрола поставена на централната конзола. Оваа нова форма е практично објавена преку концептните модели како X7, Серија 8 и Z4. Формата обезбедува нови функции во средината на информативниот екран.

На пример, покрај тековната брзина, податоците поврзани со системите за асистенција, преку бројот на обрти на моторот и податоци за потрошувачката, до забавна содржина, а тука е и Г-метарот кој го покажува латералното забрзување.

Основна промена, кога станува збор за новиот iDrive 7.0, е презентација на навигациската мапа на екранот помеѓу брзиномерот и обртомерот. Идниот 12,3-инчен екран во центарот на контролната табла, исто така, може да се конфигурира послободно од кога било досега. Сите екрани можат да ја менуваат бојата и графиката, во зависност од режимот на возење.

Возачите со новиот систем ќе можат да управуваат преку iDrive контролерот, со допир, гласовна команда или гестови со рака.

Останатите детали ќе бидат познати по премиерата на новиот X5.