На едно место можете да ги видите и купите речиси сите супер спортски автомобили кои можете да ги замислите

За љубителите на суперавтомобилите Дубаи е една од најдобрите дестинации. На улиците на овој град можете да ги сретнете речиси сите најлуксузни и најскапи спортски модели, а многу од нив се дел и од локалната полициска флота.

Сите желби на богатите купувачи во Дубаи ги исполнува најголемиот продавач за супер спортски и луксузни миленици на четири тркала во градот, VIP Motors UAE. Освен актуелните модели во изложбениот салон можете да видите и некои суперавтомобили кои веќе не се произведуваат, но интересно е дека многу од нив се застапени со 2, 3 или 4 примероци.

На пример, два автомобили Mercedes-Benz SLR McLaren, легендарниот модел кој веќе долго време не се изработува, додека актуелниот Ferrari 812 Superfast e застапен со четири примероци.

Porsche 918 Spyder, кој во периодот 2013-2015 е произведен во лимитирана серија од само 918 возила, во салонот на VIP Motors UAE е застапен со три примероци, а тука се и три примероци од Lamborghini Aventador SVJ.

Опуштете се и погледнете. Вистински рај за очи.

Loading...