Британскиот производител на спортски автомобили Lotus сака да стане доминантна сила во сегментот на суперавтомобили

Познатиот автомобилски бренд, сопственост на кинескиот Geely, кој во своја сопственост го има и Volvo, за остварување на целта вработил околу 200 нови инженери.

Lotus планира да го зголеми производството на 5.000 возила годишно по инвестицијата на Geely од неколку милијарди долари. Во Кина е отворена нова фабрика, а во седиштето на Lotus во Мидленд е отворен нов инженерски центар.

Кинескиот Geely го купи Lotus во 2017 година за 130 милиони долари, а сега Кинезите се обидуваат брендот да го направат достоен ривал на производители како Aston Martin, McLaren, Lamborghini, Ferrari…

Првиот чекор во развојот на моќни хиперавтомобиле е соработката со инженерскиот тим на Williams, по што следеа шпекулации за за возило со најмалку 1.000 КС.

Моделот под има Lotus Type 130, прв британски електричен хиперавтомобил, ќе биде лансиран оваа година.