Шведските блогери имале можност одблиску да се запознаат со Koenigsegg Jesko

Koenigsegg Jesko е најновиот и најбрз хиперавтомобил на шведскиот производител. Моделот беше претставен на саемот за автомобили во Женева во месец март, а според тимот што го развил, ќе може да ја надмине брзинската бариера од 483 km/h, со што ќе стане најбрзиот сериски автомобил во светот.

Нема сомнение дека Jesko е вистинско технолошко ремек-дело. Екипа на шведски блогери имале можност да се запознаат со хиперавтомобилот, па дури и да снимат 21-минутно видео посветено на моделот.

Видеото се појави на YouTube каналот DragTimes откако Швеѓаните посетиле еден од новите дилери на Koenigsegg во Флорида (САД) каде поминале извесно време со еден од двата веќе подготвени прототипови на шведскиот автомобил – за тркачка патека и погонска единица неопходна за развивање на 483 km/h.

Во видеото може да се види новиот 9-брзински автоматски менувач, како и задното потпирање, дизајнирани и изработени за целосно одржување на автомобилот во сите услови на патот. Интересно, Koenigsegg го поставил своето лого на многу детали.

Првите единици на Јеско ќе бидат доставени до потрошувачите во 2023 година. Планот е производство на 125 единици, од кои сите се веќе откупени. Сериското производство ќе се одвива во фабриката во Енгелхолм (Шведска), каде што се прават сите компоненти за автомобилот, освен гумите.