Познати финалистите за Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија 2020
BMW 1, Kia XCeed, Mazda 3, Opel Corsa, SsangYong Korando и Toyota RAV4, се годинешните финалисти за Националниот избор на автомобил на годината во Македонија 2020
Прогласувањето на победникот ќе се случи во средината на февруари 2020 година.
Потсетување дека Националниот избор на автомобил на годината во Македонија оваа година го има своето јубилејно 25-то издание.
Победникот традиционално ќе ја добие наградата „стилизирана маска на ладилник“ – авторско дело на Валентин Ширилов, изработена специјално за националниот избор на автомобил на годината во земјава.
Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „SUV автомобил на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија – „Томислав Биљарац“.