Неколку месеци по премиерата на контроверзниот електричен камионет на Tesla, светот останува фасциниран од ова возило – особено Русите

Прво, на крајот на минатата година, момците од YouTube каналот „Пушка Гаража“ како база за реплика искористиле Lada 2109, која е модифицирана за да личи на Cybertruck. Креаторите потрошиле 1.200 долари за својата работа, а бараат „скромни“ 10.700 долари за да продажба на своето дело.

Сега, еден месец подоцна, можеме да видиме уште една копија на Cybertruck, која доаѓа од Русија. Овој пат тимот од каналот „Гаража54“ како основа за реплика на камионетот на Tesla го земале легендарниот руски SUV UAZ. Прво, целосно го „соблекле“ донаторското возило до шасија, која потоа била продолжена… Погледнете го и сами видеото во прилог.