Новиот бран во автомобилската индустрија носи „жртви“

Последните неколку години сме сведоци на големи промени во автомобилската индустрија. Електрониката и придружните системи кои водат кон автономно управување и поголема удобност на крајот ќе го променат начинот на кој се користи автомобилот онаков како што е денес. Но, додека дојде тој момент, секојдневно сме сведоци на натамошно проширување на кросовер понудата, на сметка на класичните автомобили. Оние како компактни модели со три врати веќе паднаа и буквално исчезнаа преку ноќ. На пат кон целосно исчезнување се и моноволуменците чија понуда е се помала.

На новиот бран особено се чувствителни спортските купе модели. Кога станува збор за Audi, моделот ТТ дефинитивно се повлекува од продажба, а што е уште поважно е дека нема да добие достоен наследник. Би рекле, навистина штета.

Слична е рабтата и со Alfa Romeo. Станува збор за 4C Coupe со 1.75 турбо мотор од 240 КС. Како утеха, топлес варијантата, барем за сега, останува во игра. Тоа е одлука за Америка, но и за сите пазари каде моделот нема успех. За жал, на многу од нив.

И BMW ќе ја прочистува гамата со елиминирање на непопуларните модели. Можеби ја знате, можеби не, но серијата 3 GT веќе нема да можете ниту да ја купите. Истото важи и за серијата 6 GT, но и за моноволуменот од Серија 2.

Ford во Америка ги повлекува C-Max и Fiesta. Малата FIesta е најпопуларен Ford модел во Европа, па затоа и не е изненадување што и понатаму ќе се нуди на Стариот континент. Истото важи и за Focus, но затоа Mondeo веќе не проаѓа.

Mercedes ја намали V12 понудата, а сега си заминува и SL 63 AMG. И додека некои други модели нема да добијат наследници како SLC, SL во ново издание е скоро сигурен. 

Помеѓу „спортистите“, Nissan 370Z, веројатно заминува, и во двете изданија. Од Америка се повлекува Juke, додека Европа сепак ќе добие ново издание на основачот на класата. 

Малиот Smart на Стариот континент ќе моѓе да се купи уште некое време, но деновите веќе се бројат.

На крајот и за Volkswagen. Beetle со Final Edition замина во историјата, а по истиот пат одат и спортските R верзии на Golf.

Loading...