Класификацијата се базира на резултати од краш тестови

Безбедноста е еден од најважните квалитети кои треба да се земат во предвид при купувањето на секој автомобил. Ова се потврдува индиректно и од самите производители кои моделите ги опремуваат со најсовремени системи за активна и пасивна безбедност.

Експертите од Националната управа за безбедност на сообраќајот (NHTSA) и Осигурителниот институт за безбедност на патиштата (IIHS), ги определија Топ 5 најбезбедните crossover/SUV модели во светот за 2018 година. Класификацијата се базира на резултати од краш тестови.

1. Volvo XC90

Скоро и нема изненадување дека XC90 е лидер помеѓу најбезбедните. Моделите на Volvo долго време наназад во годините се сметаат за едни од најбезбедните во светот, а предводникот во гамата не е исклучок од правилото. Едно од неговите најсилни оружја е присуството на „паметниот“ автоматски систем за сопирање со камери и радари кои реагираат на ненадејно појавување на пешаци, велосипедисти или други објекти. Притоа, сето тоа го прави многу побрзо од човекот.

2. Mercedes-Benz GLE

Логично, тука станува збор за новата генерација на Mercedes-Benz GLE што на некои пазари ќе се појави оваа година. Кај германскиот SUV модел многу од стандардните за премиум-автомобили системи за безбедност се надградени. На пример, системот за автономно управување може самостојно да го води автомобилот крајно лево или десно на патот, за да се направи пат за автомобилите на специјални служби – брза помош, полиција, противпожарна… Освен тоа, адаптибилниот темпомат самостојно ја намалува брзината кога ќе се наиде на сообраќаен метеж, а системот за спречување на судир не му овозможува на возачот свртување пред да се увери дека друго возило кое може да биде причина за потенцијален судер е на доволно растојание.

3. Lexus RX

Како премиум модел, јапонскиот кросовер има се што е потребно за да се обезбеди максимална безбедност не само за возачот и патниците, туку и за другите учесници во сообраќајот. Високиот рејтинг се должи на системот за одржување на автомобилот во лентата на движење и автоматскиот систем за сопирање кој е дополнет со посебна функција. Го препознава заморот на возачот и му препорачува да го запре движењето веднаш.

4. Audi Q7

Цената, класата и статусот едноставно не дозволуваат Audi Q7 да заостане зад конкуренцијата. Затоа овој модел има целосен опсег на електронски асистенти. Тука спаѓаат адаптивната контрола на крстарење со функција за следење на лентата на движење, „автопилот“ за сообраќаен метеж, системот за автоматско сопирање поради пречки на патот и многу други.

5. Acura MDX

Овој модел располага со составот AcuraWatch, кој ги вклучува речиси сите познати системи. Има функција за движење во лента, круз контрола со радарско управување, систем за екстремно кочење и превенција од судир, како и голем број други електронски асистенти кои го прават MDX еден од најбезбедните автомобили на планетата.