Лидер во негативниот рејтинг е концернот General Motors

Станува збор за интересно истражување спроведено од страна на експертите од изданието Iseecars.com кои ги анализирале сервисните акции организирани од автомобилските производители од 1985 година па наваму. Резултатите од анализата треба да покажат кои комппании произведуваат најчесто и најнеисправни автомобили, кои соодветно подоцна мора да бидат однесени на сервис.

Според податоците на Националниот институт за безбедност на сообраќајот (NHTSA), во текот на последните 5 години сервисни акции најретко организирале германските марки Porsche и Mercedes-Benz, а меѓу јапонските марки лидер е Mazda, следена од Subaru и Toyota.

На спротивната страна од листата се американските производители односно моделите на концернот General Motors. Сервисните акции организирани од General Motors, само за последните 5 години, опфатиле 55 милиони автомобилиод различни брендови – Pontiac, Chevrolet, Oldsmobile, Cadillac, Buick и GMC.

Во оваа класификација нешто подобат рејтинг од GM има Chrysler, чии сервисни акции офатиле нешто помалку од 41 милиони возила. На третата позиција се наоѓа Ford кај кого бројката на модели повикани на сервис е 25 милиони.

Експертите сепак прецизираат дека не сите сервисни акции биле организирани поради сериозни дефекти или оштетувања. Кај GM, на пример, еден од најголемите проблеми бил стартерот на автомобилите, проблем кој ја погодил речиси целата палета на модели понудена од американскиот производител.

Покрај тоа, не сите сервисни акции се организирани поради „вина“ на компаниите. Често истите се изнудени од контролните органи (како NHTSA, на пример). Таков е случајот со Volkswagen и неговите дизел мотори, кој доведе до еден од најголемите скандали во историјата на автомобилската индустрија, познат како Dieselgate. Како потсетување, германскиот концерн беше принуден на сервис да повика 6,5 милиони автомобили во периодот 2014-2018 година.