Откриена неверојатна колекција од над 300 автомобили / ВИДЕО
Меѓу возилата, од кои многу не се возени над 30 години, има и многу вредни класични модели
Бројот на откриени автомобили се проценува на повеќе од 300, а за нив се вели дека припаѓаат на колекционер кој започнал да ги собира пред повеќе од 40 години.
Меѓу автомобилите е и Bizzarrini P538, за кој се проценува дека вреди скоро милион долари. Колекцијата вклучува и некои класични модели од американската автомобилска индустрија, како што се Oldsmobile Hurst, Plymouth Superbird, но и луксузни автомобили од Rolls-Royce.
Овој вљубеник во автомобилите кој колекцијата ја собирал со децении имал многу наклонетост кон спортските модели од САД, меѓу кои треба да се споменат Ford GT, Dodge Charger, Chevrolet Camaro и Chevrolet Corvette. Тука се и Ford Pinto, Shelby GT500 Convertible, но и BMW Z3 – сите со многу мала километража. Ferrari 308 е само еден од многуте суперспортски класици во оваа колекција, а друштво му прават и примероци од Porsche 911, првиот SUV од Lamborghini под ознаката LM 002…
Ова е само дел од огромната колекција сместена во три објекти.