
Освојување на небото со координирана изведба на над 3000 беспилотни летала / ВИДЕО
Спектакуларна премиера за Genesis на кинескиот пазар
По освојувањето на домашната публика, успешно пристигна и на американско тло, за сега да се фокусира на моментално најважниот светски пазар – Кина. Станува збор за Genesis, кој своето кинеско деби го направи на навистина импресивен начин.
Првата станица за пробивање на огромниот кинески пазар е Шангај. Таму компанијата приреди неверојатно светлосно шоу. Целиот перформанс е заедничка истовремена работа на повеќе од 3.000 беспилотни летала кои „испишуваат“ се што ќе им се зададе, меѓу другото и испис на двата автомобили кои дебитираат – седанот G80 и моделот GV80 SUV.