За прв пат Octavia e достапна со 2.0 TSI мотор со 190 коњски сили

Моделот предводник Superb беше првата Škoda која доби верзија Sportline во 2015 година, за подоцна таква ерзија да добијат и кросоверите Kodiaq, Karoq и Enyiaq iV. Дојде време вакво ниво на опрема да добие и најпопуларниот модел на брендот – Octavia.

Црните елементи на дизајнот на каросеријата визуелно ја одделуваат Octavia Sportline од стандардната, а тука е и малио заден спојлер во верзијата лифтбек. Во понудата ќе биде достапен и караван, а во стандардната верзија ќе добие 17-инчни тркала. Тркалата од 18 и 19 инчи, специјално развиени за оваа верзија, ќе бидат достапни со доплата.

Внатрешноста на автомобилот во голема мерка го повторува нивото на опремата Style, но додадени се и црни украсни ленти, како и спортски седишта со потпирачи за глава. Воланот е украсен со логото на Sportline, а на праговите на влезната врата стои натписот Octavia. Стандардната опрема вклучува USB-C приклучок вграден во ретровизорот за полесно врзување на возачот со видеокамерата.

Верзијата Sportline на Octavia е достапна со огромен избор на погонски единици – бензин, дизел, природен гас и хибриди (меки и plug-in). Во зависност од изборот на мотор, истиот може да се комбинира со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Голема новина во моторната гама е 2.0 TSI со 190 КС. Тој беше достапен на крајот од животниот циклус на последната генерација на Octavia, кога го замени стариот 1.8 TSI, но дури сега ќе биде достапен за четвртата генерација на моделот. Моторот е комбиниран само со погон на четири тркала и DSG менувач.

Лифтбекот со ова ниво на опременост од 0 до 100 km/h забрзува за 7,5 секунди, а максималната брзина е 230 km/h. Перформансите на караванот не се откриени, барем не засега.

За дополнителна сума на пари, Octavia Sportline може да се нарача со системот DCC Dynamic Chassis Control, кој нуди најмалку 15 поставки за амортизерите – од удобни до спортски. Дополнително се плаќа и централното воздушно перниче помеѓу предните седишта, како и асистентот за избегнување судир, асистентот за вртење и асистентот за заштита при превртување.

По вклучувањето на Sportline, на палетата Octavia и недостасува само најлуксузната верзија Laurin & Klement, но прашање на време е кога и таа ќе биде додадена додаде.