Официјално: Mercedes се откажа од жалбата! Макс Верстапен и официјално светски шампион
Mercedes на својата официјална веб-страница објави дека одлучиле да не се жалат на резултатите од Големата награда на Абу Даби, а со тоа Макс Верстапен и официјално ја освои титулата светски шампион за 2021 година!
По трката за ГН на Абу Даби од Mercedes, поднесоа жалба за две спорни ситуации од трката. Првата се однесуваше на наводното претекнување на Хамилтон од страна на Верстапен за време на периодот на безбедносното возило, а вториот за непочитување на процедурата во периодот на безбедносното возило и пропуштање само на возачите кои заостануваат еден круг, а кои се наоѓаа меѓу Луис и Макс, да се вратат во истиот круг со лидерите. Двата приговори беа отфрлени, а Mercedes последователно ја покажа својата намера да поднесе тужба.
Рокот за поднесување тужба по изразување на намера е 96 часа, кој би истекол денеска. Покрај тоа, денеска е гала вечерта на FIA каде се доделуваат трофеи на шампионите во сите натпреварувања под покровителство на FIA. На крајот, Mercedes реши да не се жали, откако FIA објави дека дополнително ќе ги истражи настаните во Абу Даби.
„Одлучивме да се откажеме од жалбата. Заедно со Луис, детално и внимателно размислувавме како да одговориме на настаните од последната трка од сезоната во Формула 1.Ние се жалевме најмногу затоа што коректноста во спортското натпреварување е наш приоритет број еден, а од тие настани имавме конструктивни разговори со FIA и Formula 1 за тоа како да создадеме појасни правила за во иднина сите натпреварувачи точно да ги знаат правилата под кој се натпреваруваат. Ја поздравуваме намерата да ги вклучиме сите тимови и сите возачи“, се вели во објаснувањето на Mercedes.
Тие им честитаа и на Макс Верстапен и на Red Bull.
„Би сакале да ја изразиме нашата искрена почит за вашите достигнувања (Верстапен и Red Bull) оваа сезона. Ја направивте оваа борба за титулата епска и незаборавна. Макс, честитки за тебе и на целиот твој тим. Едвај ja чекаме novata борба на патекite следната сезона“.
Соопштението на Mercedes дојде еден ден откако Red Bull објави дека ќе спроведе детална анализа и разјаснување на настаните во Абу Даби.