Jaguar официјално го претстави својот прв целосно електричен автомобил, i-PACE. Новиот автомобил ветува перформанси на спортски автомобил, технологија од следна генерација со вештачка интелигенција и практичност на SUV модел

Благодарение на капацитетот од 90 kWh на литиум-јонската батерија, компанијата Jaguar тврди дека новиот i-PACE ќе биде во можност да помине до 475 километри, а потоа сопствениците ќе може да ја дополнат батеријата до 80% за 85 минути со користење на DC полнач со јачина од 50 kW. Тоа време двојно би се намалило ако новите сопственици изберат полнач од 100 kW.

Оние кои ќе се одлучат за полнење на автомобилот дома со помош на AC приклучница од 7 kW, батеријата на својот автомобил до 80% ќе може да ја наполнат за нешто повеќе од десет часа, односно за тоа ќе им треба цела ноќ, што и не е толку лошо.

Под хаубата на новиот модел на Jaguar има два електрични мотори, по еден на секоја осовина, кои произведуваат вкупно 395 КС и 696 Nm вртежен момент, кои се испраќаат до сите четири тркала. Jaguar i-PACE од 0 до 100 km/h забрзува за само 4,5 секунди.

I-PACE поседува и воздушно потпирање и совршена распределба на тежината од 50:50 на предните и задните тркала, благодарение на положбата на батеријата.

Надворешниот дизајн на i-PACE е многу сличен на купе моделите, и како што наведуваат од Jaguar, инспириран од легендарниот супер автомобил C-X75. За рамнотежа помеѓу ладењето и аеродинамиката, на маската (решетката) се наожаат Active Vanes воздушни доводи кои се отвораат автоматски кога на автомобилот му е потребен воздух.

Што се однесува до ентериерот, салонот е доста простран и е во категоријата на салоните на големи SUV модели, и покрај фактот дека димензиите на i-PACE не се големи. За патниците на задната клупа има 890 милиметри простор за нозете, а зад нив се наоѓа багажниот простор со капацитет од 656 литри или 1.453 литри со преклопени задни седишта.

Што се однесува до технологиите, новиот модел располага со нов Touch Pro Duo инфо-забавен систем кој се состои од два екрани на допир, сензори и физички контроли. Тука е системот за навигација, Amazon Alexa…

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1cBkEZidZyMMo4yd5sTlEOiaFLHz0RJqP” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

ВИДЕО

Новиот Jaguar i-PACE ќе се продава по цена од 71.000 евра, а ќе биде достапен со S, SE и HSE пакети на опременост. Прво доаѓа таканаречената First Edition верзија.