IPhone X прогласен за најдобар телефон за 2017 година

0

Mobile World Congress кој деновиве се одржуваше во Барселона заврши. Откако последниве неколку дена беа презентирани многу нови паметни уреди и нови технологии, на самиот крај беа поделени и награди за најдобрите

Иако Apple не ни беше присутен во Барселона, бидејќи сите свои адути ги претстави уште во октомври минатата година, сепак е добитник на награда. И тоа една од најважните – iPhone X е најдобар паметен телефон за 2017 година.

„Поздравете ја иднината“, запишале судиите во својата одлука и, со тоа го покажале воодушевувањето од уредот кој при презентацијата импресионираше многу со своите можноси, но и шокираше со цената.

Apple е добитник и на награда за иновација (Disruptive Device Innovation Award) за TrueDepth камерата и сензорите кои се одговорни за препознавање на лицето на корисникот, кои се едни од предностите на најновата генерација на iPhone.

Huawei е убедливо најнаградуван на овогодинешното издание на MWC. Huawei e добитник на награда за најдобра инфраструктура на мобилна мрежа (Best Mobile Network Infrastructure), најдобра нова мобилната технологија (Best Mobile Technology Breakthrough), најдобар нов мрежен софтвер (Best Network Software Breakthrough), извонредност во мобилната технологија (Outstanding Mobile Technology), најдобра мобилна иновација за паметни градови (Best Mobile Innovation for Smart Cities), најдобра мобилна иновација на пазарите во развој (Best Mobile Innovation for Emerging Markets) еколошка награда (The Green Mobile Award), како и за исклучителен придонес во мобилната индустрија.

Samsung е награден за неговата услуга Samsung Pay во категоријата Best Mobile Innovation for Payment, а Samsung Gear VR во категоријата Best Mobile VR or AR.

Специјална награда за својата работа на користење на мобилната технологија за лицата со посебни потреби доби Microsoft за Seeing AI, камера за слепи.

Netflix е добитник на награда за неговата игра за мобилни уреди врз основа на популарната серија Stranger Things.

Треба да се напомене дека специјална награда е доделена на Владата на Естонија.

Естонија има направено голем напредок кон дигиталната трансформација на владините сервиси, базирани на дигитален идентитет на нејзините граѓани.

Листата на останатите добитници на следниот линк.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »