Новиот Mitsubishi ASX не е ништо повеќе од преименуван Renault Captur / ФОТО
Mitsubishi ја претстави најновата генерација на својот мал кросовер, ASX, кој ќе се продава на преостанатите европски пазари на јапонската марка.
Давајќи ново значење на терминот „badge engineering“, новиот модел е практично идентичен со Renault Captur, а единствената видлива разлика е декорацијата на предната maska. Дури и тркалата се исти како кај Renault Captur.
Исто како и надворешниот дизајн, Mitsubishi ги презел и моторите на Renault, кои се познати на фановите на француското возило. Палетата се отвора со еднолитарски трицилиндерски мотор кој развива 91 коњски сили (67 kW). Не е наведено дали во понудата ќе има и верзија на плин.
Следен на листата е 1.3-литарски турбо бензински мотор кој е достапен со две верзии на излезна моќност и се одликува со 12-волтна блага хибридна технологија. Првата е со 140 „коњи“ (103 kW) и со 6-степен мануелен менувач, додека втората верзија која освен 7-степен менувач со двојна спојка нуди и 158 „коњи“ (116 kW).
Моделот ASX е исто така првиот целосен хибрид на Mitsubishi кој се продава во Европа, благодарение на 1.6-литарскиот бензински мотор кој доаѓа со два електрични мотори и автоматски менувач со повеќе режими. Овој погон нуди 143 коњски сили (105 kW).
На врвот на гамата е 1,6-литарски plug-in хибриден погон. Комбинира два електрични мотори и има батерија од 10,5 kWh што му овозможува на ASX да патува до 49 километри само со електрична енергија. Погонската единица е способна да произведе 159 „коњи“ (117 kW).
Внатре во салонот, клиентите можат да изберат колку сакаат да потрошат. Зад воланот, купувачите можат да се одлучат за фенси 10,25-инчен дигитален дисплеј за возачот кој има 3D навигација и е целосно приспособлив. Достапен е и екран од седум инчи, доколку сакате да заштедите малку. И ако сте целосно фокусирани на буџетот, екранот може да се намали на само 4,2 инчи и да биде сместен помеѓу аналогните мерачи.
Слично на тоа, мултимедијата е исто така променлива. Можете да изберете помеѓу 7-инчен екран во пејсажен формат или екран од 9,3 инчи во портрет ориентација. Тие можат безжично да се поврзат со Apple CarPlay или Android Auto. Возачите исто така можат да го изберат режимот на возење, да ги контролираат функциите за забава и амбиенталното осветлување (избор од осум бои).
Иако ASX ги задржува своите компактни пропорции (должина 4.228 mm, ширина 1.797 mm, висина 1.573 mm), тој има лизгачко задно седиште што обезбедува повеќе простор за нозете или повеќе простор во багажникот. Волуменот на товарниот простор може да се зголеми од 332 литри на 401 литри благодарение на оваа функција.
2023 ASX доаѓа и со пакет напредни безбедносни карактеристики. Ова вклучува стандарден систем за предупредување за заден судир со помош за итно сопирање и откривање пешаци и велосипедисти, покрај активното следење на лентата и препознавањето сообраќајни знаци. Достапни се и помош за слепа точка, активно следење на сообраќајната лента, предупредување за брзина, темпомат и помош за долгите светла.
Моделите со врвни спецификации се достапни и со MI-PILOT, кој комбинира прилагодлив темпомат и активно центрирање на лентата за да преземе некои функции за автономно возење.
Продажбата на новиот Mitsubishi ASX ќе започне во март 2023 година во Германија и на другите европски пазари каде што брендот е сè уште активен. Цените сеуште не се познати.