Нова серија EuroNCAP тестови за безбедност на автомобилите / ФОТО+ВИДЕО
Во најновата серија на тестови спроведени од независниот EuroNCAP, повеќето од тестираните возила се здобиле со максимални пет sвездички за безбедност
Меѓу тестираните се два модела на VW групата од сегментот C – новите итерации на Audi A3 и Seat Leon. Двата автомобили добија по пет ѕвезди. Резултатите на А3 се 89% за заштита на возрасни патници, 81% за деца и 68% за заштита на пешаци и велосипедисти. Leon постигнал уште подобар резултат – 91% за заштита на возрасните, 88% за деца и 71% за пешаци и велосипедисти.
Низ ригорозните тестови на EuroNCAP успешно поминале и Kia Sorento, Land Rover Defender и Isuzu D-Max, а тоа значи и максимални пет sвезди за безбедност.
Јужнокорејскиот теренец забележал 82% за возрасни, 85% за деца и 63% за пешаци и велосипедисти. Defender – 85% за заштита на возрасни, ист процент за деца и 71% за пешаците и велосипедистите. Isuzu’s D-Max индексирал 84% за возрасни, 86% за заштита на деца и 69% за пешаци и велосипедисти.
Но, не сите модели кои се нашле на тест можат да се пофалат со добри резултати.
Малата електричната Honda е оценета со четири sвезди. Јапонскиот мал електричен модел не успеал во областа на заштита на возрасните (76%) и пешаците и велосипедистите (62%). Добар резултат има во областа на заштите на младата популација (82%).
Најлошо во оваа рунда на тестирање поминал Hyundai i10. Корејскиот модел од сегментот А добил само три sвезди, што е прилично лош резултат во време кога дури четири sвезди се сметаат за сериозен недостаток.
Hyundai i10 добил само 69% за заштита на возрасни патници, а експертите од EuroNCAP како особено проблематичен го посочуваат фронталниот удар. Во прилог на лошиот резултат се и 75% за заштита на децата, но исто така и само 52% за заштита на пешаците и велосипедистите.