Европскиот пазар на нови автомобили полека покажува знаци на опоравување од сериозните удари предизвикани од кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот

Според податоците објавени од ACEA, во Европа (ЕУ + ЕФТА + Велика Британија) во првиот квартал од 2021 година се испорачани 3.080.751 возила, што е за само 0,9% подобро отколку во првиот квартал на 2020 година. Експертите со умерена доза на оптимизам сметаат дека пазарот на Стариот континент може да се стабилизира во средината на тековната година.

Кој е лидер во Европа во текот на првите три месеци од оваа година? Одговорот е Volkswagen, кој продал 331.355 автомобили со 6,1% понизок резултат од минатата година. Следува Peugeot со 215.470 (+ 15%). Подиумот го заокружува Toyota со 183.069 регистрации.

Следува BMW со испорачани 182.401 единици, а зад него е големиот ривал Mercedes. Производителот од Штутгарт забележал 180.928 клиенти во првиот квартал со пад на продажбата од 10%.

Ова е ранг листата на 20 најпродавани брендови на автомобили во Европа во текот на првиот квартал од 2021 година.

РБ. Марка  01-03.2021   01-03.2020 Разлика (%)
1. Volkswagen 331.355 353.056 -6.1
2. Peugeot 215.470 186.173 +15.7
3. Toyota 183.069 171.811 +6.6
4. BMW 182.401 174.566 +4.5
5. Mercedes 180.928 201.303 -10.1
6. Renault 170.612 184.330 -7.4
7. Škoda 162.604 164.030 -0.9
8. Ford 157.849 160.808 -1.8
9. Audi 155.531 160.819 -3.3
10. Opel 132.862 134.334 -1.1
11. Fiat 128.993 121.952 +5.8
12. Citroen 126.866 119.865 +5.8
13. Kia 113.812 113.026 +0.7
14. Hyundi 108.048 108.996 -0.9
15. Seat 102.728 107.255 -4.2
16. Dacia 88.913 83.180 +6.9
17. Volvo 88.078 72.065 +22.2
18. Nissan 77.289 87.272 -11.4
19. Mini 44.166 42.410 +4.1
20. Land Rover 36.763 35.708 +3.0