Најдобрите автомобили на Pebble Beach Concours d’Elegance 2021 година / ФОТО
Pebble Beach Concours d’Elegance се врати на сцената по 70 -ти пат, а она што може да се види се вистински автомобили од соништата
Без разлика дали станува збор за минатото или сегашноста, возилата кои што можат да се видат на настанот во Калифорнија секогаш претставуваат нешто посебно, а имаше и неколку јавни премиери. Ова се најдобрите…
Aston Martin Valkyrie Spider
Британскиот хиперавтомобил со 1.176 КС сега доаѓа во верзија со отстранлив покрив. Aston Martin признава дека имало маргинални промени во однос на масата, но без оглед на тоа, Spider може да оди максимални преку 350 km/h (330 km/h со отворен покрив).
Направени се и одредени модификации на монококот од карбонски влакна и аеродинамиката, што обезбедува перформанси на ниво на стандардниот модел. Spider е трет дериват на Valkyrie, по (речиси подготвеното) купе и тркачкиот AMR Pro.
Audi Skysphere
Посетителите на Неделата на автомобили во Монтереј можеа да уживаат во првиот поглед на автономниот концепт на Audi, способен да ја промени формата. Овој електричен родстер е првиот од трите електрични концепти кои брендот од Инголштад ќе ги претстави во наредните месеци.
Располага со систем за автономно возење од ниво 4, што значи дека може да се движи (со соодветна инфраструктура) без директно учество на возачот. Има електричен мотор монтиран назад кој испорачува 632 КС и 750 Nm на задните тркала, што овозможува спринт до „стотка“ за 4,0 секунди.
Bentley Flying Spur Mulliner
Најскапиот сериски автомобил на Bentley ја имаше својата јавна премиера во Монтереј. Flying Spur Mulliner ќе биде третиот член на колекцијата Bentley Mulliner што ја нуди компанијата Kru, придружувајќи им се на врвните верзии на Continental GT во купе и кабриолет изданија. Моделот V8 чини 258.700 евра, додека W12 започнува од 270.750 евра. За прв пат во дивизијата Mulliner, Flying Spur ќе се нуди со plug-in хибриден погон.
Bugatti Bolide
Иако не се појави физички, Bugatti Bolide беше потврден како следниот сериски модел на Bugatti. Францускиот бренд ќе произведе 40 примероци, кои ќе се продаваат по цена од 4 милиони евра. Новитетот со 1.600 КС ќе им биде испорачан на клиентите до 2024 година.
Тежината на автомобилот е само 1.450 килограми. Секако, тој е придвижуван од познатиот 8.0-литарски W16 квад-турбо мотор, кој испраќа моќ на сите тркала, а аеродинамиката е импресивна. Имено, Bugatti тврди дека вертикален аеродинамичен притисок од 1.800 килограми може да се генерира на задното крило, или 800 килограми напред, при брзина од околу 320 km/h.
Acura NSX Type S
Уште еден модел во ограничената серија и која ќе ја испее „лебедовата песна“ на втората генерација на Honda (Acurа) NSX. Ќесе произведат само 350 примероци, со подобрена суспензија, стил и ревидирана аеродинамика. Моќта е зголемена на 608 „коњи“, а цената започнува од 171.495 долари во САД, каде што ќе се продаваат 300 од 350 произведени примероци.
Ford GT ’64 Prototype Heritage Edition
И Ford GT доаѓа со верзија од ограничената серија, во чест на прототипите што доведоа до создавање на победникот од Ле Ман. Има карактеристични тркачки ознаки и соголени површини од карбонски влакна. Овој автомобил се појави со последниот прототип на Ford GT/105 од 1964 година. Вкупно се направени само пет.
Lamborghini Countach LPI 800-4
Иконата исто така се враќа во ограничена серија. Станува збор за хиперхибрид во ретро стајлинг, кој пристигнува да ја одбележи 50-годишнината од првото појавување на Countach во прототип форма. Неговиот дизајн е инспириран од иконата од 1974 година.
Серијата е ограничена на само 112 примероци, со цена од 2 милиони евра по автомобил (пред оданочување). Непотребно е да се каже дека повеќето се продадени однапред. Lamborghini вели дека Countach забрзува до 100 km/h за 2,8 секунди, што е за две секунди побрзо од најмоќната верзија од седумдесеттите години. До 200 km/h забрзува за само 8,6 секунди, додека максималната брзина е 355 km/h.
Lotus Evija
Електричниот хиперавтомобил беше претставен во ново руво, овојпат во чест на шампионот во Formula 1, Аиртон Сена. Светло -жолтата завршница со сини акценти е инспирирана од Type 99T од 1987 година, во која Бразилецот го освои ГП Детроит истата година. Evija, кој испорачува дури 2.000 КС, е првиот електричен модел на британската марка. Моделот се појави покрај Emirа и Radford Type 62-2, инспирирани од Lotus на централната трибина The Quail.
Radford Type 62-2
Тоа е првиот модел на британскиот производител Radford. Ова купе со две седишта е инспирирано од Lotus од шеесеттите години, Type 62, и е претставено во ексклузивна завршница „Gold Leaf“. Пред тимот на Radford се најдоа Ф1 шампионот во 2009 година, Џенсон Батон, дизајнерот Марк Стабс и водителот на автомобили Ен Енстед.
Овој модел базиран на Lotus се напојува со 3.5-литарскиот V6 компресорски мотор на Toyota, кој испорачува 507 коњски сили. Вкупно ќе бидат произведени само 62 примероци.
Pininfarina Battista
И овој импресивен хиперавтомобил конечно може да се види во сериско издание, две години откако беше претставен во Женева. Ривалот на Evija е опишан како „најмоќниот италијански сериски автомобил некогаш направен“. Го дели погонот со Rimac Neverа, има 1.927 КС и 2.300 Nm од поставата на четири мотори. Ултра-ексклузивното издание Anniversario, исто така, се појави во јавноста за прв пат. Ќе се произведат само 150 примероци, од кои само пет ќе бидат со украсот Anniversario.
Mercedes-Benz 540K Autobahnkurier
Mercedes-Benz 540K Autobahnkurier од 1938 година ја освои главната награда „Best of Show“ на Неделата на автомобили во Монтереј. Овој автомобил, првично претставен на саемот за автомобили во Берлин како концепт 1934 година, освои неколку награди и на други автомобилски настани, меѓу кои и „Best in Show“ на Amelia Island Concours d’Elegance 2019. Се напојува со 5.4-литарски мотор со осум цилиндри со моќност од 182 КС. Автомобилот е направен со идеја да доминира на германските автопатишта.