Модели со најмногу смртни случаи во сообраќајни несреќи
Студијата е спроведена од Министерството за транспорт на САД
Кои се моделите, во случај на сообраќајна несреќа, која најчесто довеле до фатален исход? Ова е предмет на студијата на Министерството за транспорт на САД, која истражувала помеѓу автомобилите стари од 3 до 7 години. Врз основа на истражувањето, составена е листа од Топ 14 модели со најголем број на смртни случаи во сообраќајни незгоди.
Лидер во оваа антикласификација е Mitsubishi Mirage. Компактниот јапонски автомобил има просек од 10,2 несреќи со фатален исход при вкупна километража на сите автомобили од моделот од 1,6 милијарди километри.
Второто место е за легендарната Chevrolet Corvette, чиј среден резултат е 9,8, а на третата позиција се наоѓа друг компактен јапонски модел – Hоnda Fit. Неговиот просек е 7,7 случаи при вкупна километража од 1,6 милијарди километри.
Во првата петорка според негативниот рејтинг влегуваат и корејската KIA Forte (7,4) и уште еден модел на Chevrolet – компактниот Spark, чиј среден резултат е 7,2 несреќи со смртен случај.
Во антикласификацијата влегуваат уште Subaru BRZ (6,9), Nissan 370Z (6,2), Nissan Versa (6,1), Kia Rio (5,9), Dodge Challenger (5,8), Chevrolet Camaro (5,5), Kia Soul (5,3), Hyundai Veloster Turbo (5,2) и Nissan Versa (5,2).