Моделот ќе биде достапен со бензински и дизел мотори

Ford ја претстави четвртата генерација на караванскиот Focus ST за европскиот пазар. Технички моделот не се разликува од хеџбекот, бидејќи исто така ќе биде достапен со бензински или дизел погон.

Ford Focus ST може да биде опремен со бензински 2.3-литарски 4-цилиндерски EcoBoost (280 КС и 420 Nm вртежен момент достапен помеѓу 3000-4000врт/мин) или дизел 2.0-литарски EcoBlue (190 КС и 400 Nm). Двата мотора се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач, но за бензинската верзија ќе се нуди и 7-степен автоматски менувач со функција Adaptive Shift Scheduling (посебен алгоритам за менување на брзините, кој се прилагодува спрема стилот на возење).

Во стандардната опрема влегува и електронски контролиран диференцијал со ограничено пролизгување (eLSD). Дизел изведбата ќе биде опремена со систем за дистрибуција на вртежниот момент на предната оска за понатамошно подобрување на перформансите на автомобилот.

Споредено со стандардниот Focus, пресетирани се системите за управување и сопирање како и суспензијата. Подот е понизок за 10 mm. Исто така, na корисниците ќе им бидe достапeн систем за избор на режимoт на работа на погонскиот систем (Selectable Drive Modes) со режимите Slippery/Wet, Normal и Sport, а дополнителниот режим Track ќе биде дел од Performance пакетот. Овој пакет ќе вклучува и систем Launch Control, црвена вилушка на сопирачките, систем Rev-Matching и слично.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај бензинскиот караван е 5,8 секунди (5,7 кај хечбекот), а кај дизелот 7,7 секунди (7,6 кај хечбекот). Бензинската верзија развива 250 km/h, а дизелот – 220 km/h.

Продажбата на овој модел на европските пазари ќе започне летоска.