Audi ја освежи целата гама на А4

Откако во почетокот на мај го претстави S4 TDI, сега Audi го откри и остатокот од редизајнираното А4 семејство.

Како потсетување, блага рестилизација Audi A4 доби пред скоро една година, но германскиот производител многу брзо донесе одлука за нова освежување.

Најзабележливата промена е на предната страна на автомобилот, поточно на фаровите, кои се целосно преобликувани во споредба со претходната верзија на А4. Исфрлен е долниот засек на куќиштето на фаровите, а нов е изгледот и на LED дневните светла.

Помали промени во дизајнот има и на предната маска, која е нешто поширока од порано. Рестилизацијата е подискретна позади, каде што се редефинирани светлосните групи и завршните делови на издувните цевки.

Освен верзиите А4 и S4, на сличен начин освежени се и варијантите Avant и Аllroad, со тоа што „крос“ моделот добил 35 mm повисок тло.

Меѓу новините е и Terra Grey – новата нијанса на сива боја, која сега е достапна заедно со постоечката палета на бои.

Во внатрешноста освен понапредниот 10,1-инчен MMI мултимедијален систем, други промени нема.

Веројатно најголема новина во Audi A4 за 2020 година е проширувањето на електрификацијата на овој модел. Погонската понуда се состои од шест турбо мотори во опсег од 150 КС (110 kW) до 347 КС (255 kW) – од кои три се опремени со таканаречен благ хибриден систем.

Меѓу нив е и неодамна претставениот дизел S4 со 3.0-литарски V6 TDI мотор. Станува збор за погонска единица која испорачува 347 КС (255 kW) при 3.850 вртежи во минута и 700 Nm максимален вртежен момент, достапни на 2.500-3.100 вртежи во минута.

Audi S4 со новиот дизел мотор од место до сто забрзува во 4.8 секунди, а S4 Avant за 4.9 секунди. Кај двата модели, максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Европските купувачи обновениот Audi A4 за 2020 година ќе може да почнат да го нарачуваат веќе од крајот на мај, додека Allroad ќе биде достапен од нешто подоцна ова лето, додека првите испораки се закажани за оваа есен.

Најевтиниот А4 во Германија ќе чини 35.900 евра.