Инфозабавните системи сè уште се најпроблематичната категорија со двојно повеќе проблеми од останатите делови

Корејските автомобилски марки Kia, Genesis и Hyundai се позиционирани на три од првите пет места во годишниот извештај за доверливост на J.D.Power за 2022 година во Америка (J.D. Power 2022 U.S. Vehicle Dependability StudySM (VDS)). Покрај нив, најмалку пријавени проблеми по три години сопственост имаат сопствениците на моделите на Buick и Toyota.

За да дојде до овие резултати, J.D. Power анкетирал десетици илјади изворни сопственици на автомобили, а станува збор за 184 точки, вклучувајќи: мотор, инфозабавен систем, систем за помош при возење, клима уред, седишта, внатрешна и надворешна состојба и искуство во возењето.

Инфозабавните системи сè уште се најпроблематичната категорија со двојно повеќе проблеми од другите. Според студијата, седум од 10-те најголеми проблеми се поврзани со инфозабавните системи, вклучувајќи: препознавање глас, поврзување со Android Auto/Apple CarPlay, Bluetooth системот, недоволен број USB порти, нефункционални системи за навигација и неточни или застарени мапи.

Втора година по ред, Porsche 911 е најдобро рангиран модел. Ова е трет пат во последните четири години 911 да ја понесе оваа престижна титула.

Целиот извештај можете да го погледнете на следниот линк.