Битката е решена во фото-финиш 

Популарниот автомобилски канал Carwow организирал трка на забрзување помеѓу германски, англиски и италијански кросовер модел. Трите спортски теренци се претставници на докажани автомобилски школи. 

Британскиот Jaguar F-Pace SVR се потпира на 5.0-литарски V8 со механички компресор и моќност од 550 КС (680 Nm вртежен момент). Тежината на автомобилот е 1.775 килограми..

Германската легенда, Mercedes-AMG G 63, се придвижува од 4.0-литарски twin-turbo V8 со 585 КС (850 Nm вртежен момент). Gelendvagen е многу потежок од своите конкуренти – 2.485 килограми.

Најмал и најлесен е италијанскиот претставник – Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio Verde со 2.9-литарски V6 biturbo. Италијанскиот кросовер развива 510 КС (600 Nm), а тежи 115 килограми помалку од Jaguar.

Што тоа значи за динамиката на теренците кои поаѓаат од место, како и можностите за сопирање, погледнете од приложеното видео.