Шведскиот производител на ексклузивни суперспортски автомобили Koenigsegg објави дека нивниот модел Regera го поправил рекордот во дисциплина во која може да се натпреваруваат само неколку хиперавтомобили во светот, вклучувајќи го и Bugatti Chiron

Станува збор за дисциплината забрзување до 400 km/h и повторно застанување (0-400-0 km/h) која на големо искушение ги става можностите за забрзување на автомобилот, но и неговиот систем за сопирање.

Шведскиот Koenigsegg кој на тоа поле е практично е без конкуренција, сега уште еднаш го подобрил својот рекорд, но со друг модел – наместо Agera RS која го потпишува претходниот најдобар резултат, на пистата сега се нашла Regera со хибриден погон. Koenigsegg Regera е хиперавтомобил со бензински мотор од 1.100 КС и три дополнителни електрични мотори. Вкупната комбинирана моќност на погонскиот систем е повеќе од 1.500 КС, а вртежниот момент достигнува 2000 Nm.

Каде е тука во приказната хрватскиот Rimac Automobili? Оваа компанија по нарачка на Koenigsegg развила специјална батерија која, и покрај својот капацитет од само 4,5 kWh, може да испорача моментална моќност од 500 kW.

Со нејзина помош, Regera успеала од место до 400 km/h да забрза, а потоа и да се врати во состојба на мирување за само 31,49 секунди. Поточно, 22,87 секунди до 400 km/h, а остатокот од времето е за сопирање.

Маневарот бил извршен на температура од 16 степени Целзиусови, на 70 метри надморска височина, на писта на еден аеродром во Шведска. Рекордот бил срушен на 23 септември, а зад воланот се наоѓал Сони Персон.

Како потсетување, претходниот рекорд на Koenigsegg Agera RS е 33,29 секунди, а како споредба, на Bugatti Chiron за истиот маневар му се потребни 41,96 секунди.

И тоа не е сè, на крајот на видеото Кристијан фон Коенигсг предупредува дека Ригер има срушено два рекорда. Другата е сè уште мистерија.