Toyota и понатаму е највредниот автомобилски бренд во 2018 година, следена од Mercedes на второто и BMW на третото место

Во споредба со 2017 година, вредноста на јапонскиот автомобил се зголемила за 5% и сега изнесува 29,99 милијарди долари, објави Kantar Millward Brown во својот годишен извештај за 2018 година.

Оваа компанија, која е ангажирана во истражување на пазарот и рангирање на светските брендови, вредноста на второпласираниот Mercedes ја проценува на 25,68 милијарди долари, додека на третиот BMW на 25,62 милијарди долари.

Овие два германски авто-брендови всушност само ги промениле местата на листата во споредба со 2017 година, кога BMW беше на втората, а Mercedes на трето место.

Според извештајот растот на Mercedes е благодарение на растот на големите пазари како што се Кина, Бразил и Русија.

Од 4-та до 10-та позиција на оваа листа се: Ford, Honda, Nissan, Audi, Tesla, Maruti Suzuki и Volkswagen (марката, не групацијата).