Samsung SDI на собирот за Складирање на енергија во Европа (Energy Storage Europe) одржан во Германија, претстави батериски ќелии со висока густина во ниво од 111 ампер часови, заедно со ќелии кои стандардно се користат за батериите на сегашните електрични автомобили, а чија моќност изнесува 94 ампер часови

Samsung SDI новите батерии со висок капацитет ги нарекува модел E3. Батериите со оваа ознака може да сочуваат исто количество на енергија во помал број на ќелии, овозможувајќи на тој начин подобра употреба на просторот.

Секако, помоќните батериски единици (111 Ah) можат да заштедат повеќе енергија од оние што се во употреба (94 Ah), ако се еднакви по големина. Тука логично се поставува прашањето: зошто овие помоќни и помодерни батерии веќе сега не се користат во модерните електромобили? Се очекува дека сегашната генерација на батерии ќе биде заменета со уште помоќни, со батерии кои имаат вкупно 120 Ah, а тоа е во план да се случи многу брзо.

Пред тоа да се случи, интересно е да се погледнат батериите што ги користи BMW i3. Тие имаат 94 ампер часови, и се сметаат за едни од оние со најдолг животен век.

Samsung SDI очекува овие батерии да може да издржат 4.600 циклуси на полнење, при надворешна температура на воздухот од 25°C, додека нивниот капацитет не се намали до 80%, што е на ниво на кое батеријата е се уште употреблива, но веќе не е практична за употреба во EV .

Бидејќи моделот BMW i3 (33 kWh) има декларирана автономија од 183 километри, 4.600 циклуси на полнење подразбира повеќе од 843.000 километри. Ова не е само буква на хартија, туку е сосема изводливо, бидејќи BMW i3 е опремен со систем за термичко управување.