Беа потребни околу седум години, но пресудата конечно е донесена

Samsung без сомнение ги користел патентите на Apple на некои од претходните модели од серијата Galaxy и сега ќе мора да платат огромна сума на пари … Иако се чинеше дека судскиот спор ќе оди во недоглед, сепак заврши.

Поголемото изненадување од информацијата кој го добил спорот е што конечно заврши. На крајот, добитникот е Apple. Samsung треба да плати 539 милиони долари на компанијата од Купертино, бидејќи неколку пати ги „повредиле“ нивните патенти. Всушност и беше извесно дека јужнокорејската компанија ќе ја изгуби оваа битка. Само се чекаше проценка за надоместокот што ќе мора да го плати.

Двете страни имаа сопствена сметка. Samsung предложил 28 милиони, а Apple една милијарда долари. Судот се одлучи за златна средина.

Попрецизно, надоместокот за штета е точно 533.316.606 долари за повреда на три дизајнерски паенти на кој се додава и одштета од 5.325.050 долари за два иновативни патенти. Интересно, во овој случај, судот по жалбата досудил многу поголем износ од првичната одлука.

Накратко, целиот проблем се појави околу дебатата кој го измислил правоаголниот дизајн со заоблени рабови. Apple смета дека тие се автори на тој концепт, а од Samsung тврдеа дека такво нешто не може да се патентира. Факт е дека iPhone 3GS и Galaxy S се речиси идентични, но навистина е тешко да измислите некој друг облик на паметен телефон. Сите изгледаат скоро исто.

По донесување на пресудата, со соопштение излегоа и двете компании. Од Apple, се разбира, се задоволни од пресудата, додека во Samsung стравуваат поради ограничувањето на креативната енергија, пишува изданието iMagazin.