Шест модели заминуваат во историјата и нема да добијат наследници

Автомобилската индустрија не стои во место. Едни модели доаѓаат, други заминуваат во историјата. За кои возила оваа 2019 година ќе биде последна?

Volvo v40

Во јуни шведскиот производител Volvo го запира производството на хеџбекот V40 (погоре на сликата), а истиот ќе биде и последниот модел на марката во овој сегмент. Неговото место во гамата на производителот ќе го заземе електричен SUV со поголеми димензии, а кој целосно ќе биде насочен кон европскиот пазар. Според производителот, новиот модел ќе може да помине до 300 километри со едно полнење.

Opel Adam

Еден месец претходно, во мај, компанијата Opel ќе го затвори производството на моделот Adam, чија продажба постојано паѓа. Нешто слична е ситуацијата со други два модели на германскиот производител – кабриолетот Cascada и градскиот Karl, a како главна причина и тука е ниската продажба. Овие три модели нема да добијат наследници.

VW New Beetle

Ако разговараме за Volkswagen, тогаш зборувам за New Beetle. Заменикот на  легендарната „Буба“ се продава се полошо, дури и на пазарот на САД, каде секогаш имало сериозен интерес. Клиентите повеќе се заинтересирани за Jetta и Tiguan, па затоа New Beetle заминува во историјата. Пензирањето на овој автомобил беше проследено со специјална верзија во САД, а иста таква ќе се понуди и во Јапонија.

Mitsubishi Pajero

Земјата на изгрејсонцето, исто така, ќе се прости oп еден модел. Mitsubishi најави згаснување на производството на теренецот Pajero, кој се појави за прв пат пред 36 години и со него поминале неколку генерации. Како за крај, моделот ќе добие специјална серија од 1000 примероци

Toyota Avensis

Во историјата заминува и популарниот модел во Европа, Avensis во седан и караван верзија, а на негово место на стариот континент се враќа моделот Camry.