
Кога науката ќе замеша прсти – ова се најубавите автомобили од изминатата деценија / ФОТО
Велат убавината е релативна и субјективна, па затоа британскиот магазин Carwow одлучил да користи математички критериуми за да утврди кои се најубавите автомобили во изминатата деценија
На автомобилите е применето правилото „златен пресек“, за кое уште античките Грци тврделе дека е услов за физичко совршенство и го забележувале насекаде во природата.
Според тој критериум, најубав автомобил во последната деценија е Smart ForTwo Cabrio за 2016 година, бидејќи неговото поклопување со „златниот пресек“ е дури 98,83%.
Во првите 5 се уште Volkswagen Up! од 2011 година (98,62%), Opel Mokka 2016 (98,57%), Toyota Corolla 2019 (98,56%) и Nissan Micra 2013 (98,55%).
Ако се прашувате каде се наоѓаат супер автомобилите како Lamborghini, тие се скоро на дното, некаде околу 500-тo место.