Новиот суперспортски автомобил воедно е првиот производствен модел во историјата на компанијата без покрив и прозорци кој може да се вози на јавни патишта

McLaren го претстави моделот Elva кој припаѓа на групата Ultimate Series спортски автомобили на британскиот производител. За погонот е избран 4.0-литарски V8, кој произведува дури 815 КС и има максимален вртежен момент од 800 Nm.

Погонската единица е спарен со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, а McLaren тврди дека автомобилот од 0-100 km/h може да забрза за помалку од 3 секунди. До 200 km/h стигнува за само 6,7 секунди, што го прави постартен од McLaren Senna.

Моделот Elva е направен во спомен на класичните „спортисти“ на McLaren, моделите М1А, М1B и М1C од 1960-тите, кои претставувале „цивилни“ верзии на тогашните тркачки автомобили од овој бренд.

Бидејќи Elva нема покрив, нема ветробранско стакло, нема странични прозорци, McLaren за прв пат на овој автомобил ја применил технологијата ctive Air Management System (AAMS). Овој систем со помош на аеродинамичките карактеристики на самото возило, како и големите отвори за воздух пред патничката кабина, создава еден вид виртуелна шофершајбна која го пренасочува поголемиот дел од протокот на воздух околу возачот и совозачот со цел возењето со поголема брзина да биде по пријатно.

Според McLaren, возачот и совозачот можат да користат и кацига со визир за уште поудобно возење.

Производството на McLaren Elva ќе биде ограничено на само 399 автомобили, секој со почетна цена од 1,69 милиони американски долари. Првите купувачи своите примероци ќе ги добијат на крајот од 2020 година.