Фотографии кои се појавија се направени во Јужна Кореја

Кросоверот од матичниот модел Ceed се разликува по примената на пластична заштита во црно, која е аплицирана во долната зона околу каросеријата. Браниците се редизајнирани, исто како и решетката на ладилникот и графиката на светлосните групи. Поинаков е и капакот на багажниот простор.

Според прелиминарните информации, XCeed е попростран и поспособен од верзијата хеџбек. Подолг е седум сантиментри (4.38 наспроти 4.31 метри), а во багажниот простор пораснал од 395 на 426 литри. Јасно, варијантата SUV има повисок клиренс од хеџбек верзијата (150 mm), но информација за разликата нема.

Се очекуваат унапредени ергономски карактеристики во внатрешноста на возилото, а тоа значи поголем екран на допир од мултимедијалниот систем (10,25 инчи). Остатокот од внатрешноста не треба да биде значително различен од стандардниот Ceed.

Палетата на погонски агрегати во целост е преземена од Ceed, што за европскиот купувач би значело следново: 1.0 T-GDi (120 КС); 1.4 T-GDi (140 КС) и 1.6 T-GDi (204 КС). Покрај бензинските верзии, исто така, ќе биде достапна дизел единица со две нивоа на излезна моќност – 1.6 CRDi (115 или 136 КС).

И покрај тоа што беше првично се очекуваше само преден погон за Xceed, има гласини дека на некои пазари новината ќе биде достапен и со 4WD систем. Сите модели од семејството Ceed ќе станат лесни хибриди (48V), а подоцна ќе бидат претставени и PHEV верзии.

Јавната премиера на новиот кросовер веројатно ќе следи на есен на саемот во Франкфурт.