По неколку месечниот пад на продажбата, месец април донесе стаблизација на Европскиот пазар на автомобили

Регистрирани се вкупно 1,34 милиони возила – исто како и во април 2018 година, кога пазарот забележа највисоки бројки во последните 10 години. На ниво на година, досегашните податоци за 2019 година покажуваат дека вкупниот пазар е намален за 2,5% или 5,47 милиони регистрирани возила заклучно со април.

Продажба по пазари за април 2019 / 2019 јануари – април

Што се однесува до погонското гориво, дизелот станува се помалку и помалку баран. Додека бензинците имаат учество од 59 отсто на пазарот, дизелите се само 32 отсто, што е намалување за 4 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во меѓувреме, во април регистрациите на електрифицирани автомобили продолжиле да растат – 91.200 единици и сочинуваат 6,9% од вкупниот пазар. Ова во голема мера се должи на зголемената побарувачка за чисто електрични автомобили, чии што регистрации се зголемиле за 71% или 22.900 единици.

Процентуално учество во сегментот по сегменти

SUV сегментот продолжил да расте и во текот на месец април и како сегмент евидентирал 495.000 регистрации – раст од 11% споредбено со април 2018 година. Според податоците на Јато, од почетокот на годината заклучно со април SUV сегментот забележал 2.02 милиони регистрации што е раст за 8% во однос на истиот период минатата година. Во април растот на сегментот бил воден од BMW Group (+ 29%), VW Group (+ 23%), PSA (+ 14%) и Hyundai-Kia (+ 14%).

Во април побарувачката за Dacia Duster пораснала за 30 отсто и овој модел е предводник во сегментот за првпат од неговото прво појавување на пазарот. Во меѓувреме, Toyota C-HR, Rav4 и Kia Niro биле најпродаваните електрични SUV модели, а Audi Q3, BMW X1 и Audi Q2 го предводат премиум рангирањето.

Кога станува збор за брендовите, Volkswagen и понатаму е лидер на пазарот, но со пад на продажбата од речиси 7% поради намалената продажба на трите најпродавани модели – Golf, Polo и Tiguan.  Слична е ситуацијата и со Ford на чија намалена продажба негативно влијаеле Fiesta, Kuga и Ka +. Пад има и Opel / Vauxhall и покрај двоцифрениот раст на продажбата на моделите Crossland и Grandland, но негативниот ефект од Corsa, Astra и Mokka имаат поголем ефект за вкупното рангирање на брендот.

Продажба по брендови / модели за април 2019