Новиот компактен „крос“ модел од Кореја го имаше своето деби на нашиот пазар само неколку месеци по својата светска премиера

XCeed е подолг, поширок и повисок од хечбекот на кој се базира (4.395х1.826х1.483 mm). Автомобилот е направен исклучиво за европскиот пазар и во гамата на корејскиот производител е позициониран помеѓу моделите Stonic и Sportage.

Kia XCeed нема да биде достапен со погон на сите тркала, туку сите варијанти ќе имаат само погон на предните тркала.

Благодарение на поголемите димензии, овој модел е попрактичен од стандардниот Ceed затоа што има багажен простор од 426 литри, а со спуштање на задната клупа која се дели во сооднос 40:20:40 може да се добијат вкупно 1.378 литри.

Kia XCeed ќе може да се нарача со алуминиумски тркала од 16 или 18 инчи во дијаметар. Клиренсот е 172 mm (со тркала од 16 инчи) и 184 mm (со тркала од 18 инчи), или до 44 mm повеќе од хечбек верзијата.

Клиентите ќе можат да избираат од 12 бои на каросеријата, а нова боја е жолтата Quantum Yellow наменета исклучиво за XCeed.

Дизајнот на салонот во голема мерка е превземен од другите модели во семејството Ceed, при што централната конзола е „благо“ свртена кон возачот. Тука е целосно новата дигитална 12,3-инчна инструмент табла Supervision со екран со висока резолуција (1920×720 пиксели), а дигиталните инструменти ги заменуваат традиционалниот мерач на брзина и бројчаник на минати километри кои се дел од постоечката понуда на Kia.

Бензинската понуда за македонскиот пазар се состои од две турбо единици (Т-GDi). 3-цилиндерскиот 1.0 T-GDi произведува 120 КС и 172 Nm вртежен момент, додека 4-цилиндерскиот 1.4 T-GDi испорачува 140 КС и има вртежен момент од 242 Nm.

Новиот XCeed на македонскиот пазар ќе биде достапен и со еден таканаречен Smartstream дизел мотор. Станува збор за најчистиот дизел мотор што Kia до сега го има направено, а воедно и најефикасната единица за гориво што се нуди. Овој дизел од 1.6-литри доаѓа со моќност од 136 КС.

Опциите за трансмисија се мануелен 6-степен менувач или автоматски со двојна ламела (DCT) со 7-степени на пренос.

За следната година се најавени и 48-волтен mild-hybrid, како и Plug-in хибрид верзија.

Почетната цена за македонскиот пазар е 18.550 евра. За повеќе информации обратете се во салонот на Kia Motors Macedonia или посетете ја нивната веб страна Киа Моторс Македонија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1aV2NZN5s2A7GiY54vsmox1A_Ka6VYDRf” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]