Минатата недела, додека очите на автомобилската индустрија беа насочени кон Tesla Cybertruck, една најава помина незабележано, а може да ги промени правилата на играта во светот на електричните возила, и воопшто автомобилите. Поточно, станува збор за нова батерија, со потенцијал да ја удвои автономијата на постојните електрични возила

Неколку дена пред да се тргне превезот од Cybertruck, Nikola Motor најави лансирање на батерија што може да ја револуционизира индустријата, единица за која компанијата тврди дека е прва светска батерија со слободно стоечка електрода.

Се претпоставува дека има четири пати поголема густина на енергијата во однос на литиум-јонска единица. Покрај тоа, производството е 50 за проценти поевтино и ќе ја удвои автономијата на електричните автомобили без ниту еден дополнителен грам на маслото на возилото.

Засега нема целосни детали за предметната технологија, но компанијата планира да ги открие следната година, за време на настанот Nikola World.

Што е познато? Nikola Motor ветува густина на енергија од 1.100 вати часови по килограм на ниво на материјал и 500 ват часови по килограм на ниво на масовно произведена ќелија, што во предод значи дека автономијата на едно  електрично возило од 500 километри би скокнала на 1.000 километри.

„Ова е најголемиот напредок што сме го виделе во индустријата за батерии“, вели Тревор Милтон, директор на компанијата Nikola Motor. „Тука не зборуваме за мали подобрувања, зборуваме за двојно повеќе од капацитетот на батериите во вашите мобилни телефони. Зборуваме за двојно поголема автономија на електричните возила ширум светот“.

Иако останува да се разјасни уште многу, од Nikola Motor велат дека тие веќе се обидуваат да ја споделат технологијата со други производители на делови, под услов тие исто така да придонесат.

Сепак, новите батерии, засега, носат само тивок скептицизам на некои научници кои работат во оваа област.