Како се однесува Tesla Model X во вистински теренски услови / ВИДЕО

0

Иако генерално со робусен изглед, SUV автомобилите одамна престанаа да претставуваат асоцијација на вистински теренски возила

Едно од возилата во оваа класа, кое речиси скоро никој не го гледа како теренец, е Tesla Model X, претставник на најмоќниот производител на електрични автомобили во категоријата SUV.

Откако беше претставен на светот на крајот од 2015 година, ретко може да се види како овој автомобил со погон на четири тркала всушност се однесува надвор од градот и воопшто асфалтот, а досега се продадени повеќе од 70.000 примероци.

Се чини конечно и тоа може да се види, благодарение на фотографот на натпреварувањето Advanture Racing World Championships, чија задача била да ги следи натпреварувачите од 50 тимови ширум светот во теренски велосипедизам, кајакарство, планинарење низ 800 километри на дивина во Вајоминг, САД.

Се прашувате каде е сега тука конекцијата? Епа, фотографот сите овие натпреварувачи ги следел токму во Tesla Model X по калливи патишта и патеки, терени низ кои ретко може да се вози возило, а проблематични се дури и за автомобилите на фосилни горива, бидејќи најблиската пумпа е 320 километри.

Од друга страна, многу се почести објектите во кои може да се полни батеријата. Поради оваа причина, купил разни адаптери и кабли со тежина од речиси 100 килограми, за да може да ја полни батеријата каде и да посака. Згора на се, тој влечел и лична приколка со што дополнително го „зачинил“ off-road возењето со својата Tesla.

Вклучувајќи ја и почетната точка во Канада, тој на патот во Торонто, Вајоминг, Јута, Вајоминг, Торонто поминал вкупно 11.311 километри од 2-27 август 2017 година.

* Модел X доаѓа со две варијанти на моторот, 90D со 259KS на предната и задна оска, како и P90D со 259 КС на предната и 503 КС на заднaта. Опсегот на возилото со едно полнење е 380-475 километри, а околу 415 при влечење на приколка од 1.000 килограми.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »