Веројатно некои од Вас имаат забележано дека новиот Jimny на Suzuki со изгледот потсетува на Mercedes G-класата, а една јапонска фирма дошла на идеја да направи добар бизнис од тоа

Јапонската тјунер компанија DAMD на клиентите им понудила стилски додатоци за новиот Suzuki Jimny кои ова мало теренско возило визуелно го претвора во едно од двете легендарни големи теренски возила – Mercedes-Benz G-класа или Land Rover Defender.

Сетот на декоративни елементи наречен Little G го прави Jimny уште посличен на G-класата.

Во сетот се присутни сите типични стилски детали од големиот теренец на Mercedes-Benz, вклучувајќи ja специфичната решетка на ладилникот, предниот браник, алуминиумски бандажи, странични лајсни, браници …

Слично на тоа, додатоците од сетот Little D надворепноста на малиот Jimny ја претвораат во познатиот Land Rover Defender.

Во DAMD велат дека и двата сета во понуда ќе бидат од 2019 година, па секој кој сака …