Индиската компанија Tata ги негираше гласините дека JLR е на продажба

Како наводен купувач, се споменува PSA Group, која во изминатиот период е главен актер во приказните за секое спојување или преземање на други компании. Официјалните лица на PSA изјавија дека француската група е секогаш заинтересирана за „добра можност“ како онаа со Opel, но дека и самите создаваат доволно приходи за да си обезбедат среќна иднина.

Индиската компанија на гласините кои се појавија во британските медиуми одговори дека нема никаква вистина кога станува збор за спојување со француската компанија.

Претходно оваа недела, неколку британски електронски медиуми објавија дека JLR започнал преговари со PSA. Според нивните извори, челниците разговарале за целосно спојување на двата ентитета и заеднички настап на пазарот.

Каде што има чад има и оган, а факт е дека Jaguar Land Rover веќе две години има сериозни финансиски проблеми и му треба финансиска инјекција. Од друга страна, PSA е во голем налет во изминатите неколку години, а Карлос Таварез, бара начин за овој гигант да го прошири своето влијание и надвор од Европа.

Како главен кандидат за спојување со Французите, се наведува FCA, но Британците исто така наведуваат дека во игра е и JLR, но и американскиот General Motors.