Тото Волф ги заинтригира медиумите со интересни размислувања за иднината на Хамилтон

Звучи апсурдно, но на денот во кој Луис Хамилтон и Валтер Ботас на Mercedes му ја донесоа петтата последователна двојна победа во пет трки од почетокот на сезоната, шефот на тимот Тото Волф признава дека разговарале дали Британецот може да премине во Ferrari.

Во моментов тоа изгледа како исклучително лоша идеја – италијанскиот тим повторно на два пати користеше тимски нареди за да го обезбеди 4-тото место на Себастијан Фетел во трката за ГН на Шпанија, а клубскиот колега Шарл Леклерк заврши петти.

Досега во историјата на Formula 1 немало тим, кој сезоната ја започнал со пет последователни двојни победи во првите пет трки. Од друга страна, Ferrari оваа година, Ferrari има три трети места.

Сепак, Луис Хамилтон и шефовите на Mercedes дискутирале за можноста пет-кратниот светски шампион да се натпреварува еден ден за Ferrari и слично решение „нема да е драма“, вели Волф за Reuters.

34-годишниот Хамилтон има договор со Mercedes до крајот на 2020 година, а тоа му дава можност да ги израмни рекордните 7 светски титули на Михаел Шумахер.

„Мораме да признаеме дека можеби секој пилот сонува еден ден да вози за Ferrari“, вели Вол. „Тоа е иконата на Formula 1, дел од историјата на шампионатот и јас целосно ја почитувам желбата на секој пилот да вози за Ferrari. Дури во тимот сме дискутирале на оваа тема, зборувавме и со Луис по тоа прашање и имаме исто мислење по ова прашање. До оваа дискусија стигнавме кога преговаравме за последниот договор на Хамилтон и моето мислење е дека треба да имаме пошироки погледи и да го прифатиме фактот дека пилотите сакаат да ја искористат најдобра можност, која таа ќе се појави пред нив“.

Веднаш потоа сепак Тото Волф објаснува дека во моментов нема никакви индикации дека Хамилтон, кој освои четири од петте титули со Mercedes, сака да го напушти тимот.

„Мислам дека во моментов Mercedes на Луис му обезбедува болид, со кој може да си ги исполнува своите цели во Formula 1, објаснува Волф. „Ако продолжиме на ова ниво, не гледам причина Луис да сака да не напушти, а ние ќе бидеме среќни ако тој остане кај нас и по завршувањето на овој договор. Ако сепак еден ден се разделиме, и тогаш односите ни ќе останат позитивни. Нема никаква драма тука“.

Последната светска титула во категорија на пилоти за Ferrari ја има освоено Кими Раиконен во 2007 година, кој по крајот на минатата сезона замина, а на негово место пристигна Шарл Леклерк.

Волф не ја негира и можноста Mercedes да пројави интерес за Фетел, иако ова е прилично теоретска можност, со оглед на кризата во која е четири-кратниот светски шампион, како и сè посилните индикации од негова страна дека најверојатно ќе ја напушти Formula 1 кога ќе му истече договорот со Ferrari.

„Зошто не Себастијан“, одговара Волф. „Мислам дека треба да имаме на ум дека во моментов во Formula 1 има 6 или 7 пилоти кои имаат вештини и интелигенција да возат болид, со кој ќе можат да дојдат до светската титула. Двајца од нив се со нас, а и Себастијан секако е меѓу нив“, завршува Тото Волф.