Дефинитивно невообичаена форма, дури и кога станува збор за за таканаречените „шинкансен“ супербрзи возови

Возот е во сопственост на јапонскиот железнички оператор JR East, а тестирањето започа овој викенд. Сепак, пред да почне, компанијата го претстави возот на една локација во префектурата Миаги. Според реномираната јапонска публикација Nikkei, возот се очекува да достигне брзина до 360 km/h, 40 km/h повеќе од актуелниот рекордер Е5.

Тестот е извршен на линијата Тохоку помеѓу градовите Сендаи и Аомори. Двапати неделно, машината ќе биде „ослободена од ланци“, што е дел од програма која ќе влезе во 2021 година, кога ќе биде завршена првата фаза од тестирањата. Што се однесува до јавната употреба, не се очекува дека ќе почне пред 2030 година. Јапонците сништо не оставаат на случајот.

Инаку, возот презентиран од JR East е долг 250 метри и се состои од 10 вагони. Дваесет и два метри се резервирани за „носот“, најдолг кога станува збор за „шинкансен“. Иако се нарекува „нос“, можеби попрецизно би било да се каже „клунот“, бидејќи е инспириран од светот на птици. Неговата цел е да го направи возот поаеродинамичен и потивок.

Првично дизајнирана да ги поврзе оддалечените точки на Јапонија со главниот град, мрежата на пруги „шинкансен“ сега опфаќа повеќе од 2.800 километри, истовремено поврзувајќи ги другите далечни градови меѓу себе.

Оваа мрежа на исклучително брзи возови исто така е една од најсигурните и најредовните во светот, бидејќи тие буквално – никогаш не доцнат. Во 1997 година, на пример, јапонскиот оператор поставил рекорд, регистрирајќи кумулативно задоцнување на целата флота од само 18 секунди. На годишна основа, вкупното доцнење обично не надминува една минута, а кога се случува нешто слично, компанијата јавно се извинува до народот.